Навивачите на Лацио со десница во воздух скандираат: "Чест за Бенито Мусолини"

Точка

25/04/2019

11:42

2.128

Големина на фонт

а а а

Неколку часа пред полуфиналниот натпревар од италијанскиот фудбалски куп меѓу Лацио и Милан, кој Лациалите го добија со 0-1 и си обезбедија финале, навивачите на римскиот клуб извадиле транспарент со скандалозен натпис и поддршка за фашистичкиот лидер и диктатор Бенито Мусолини.

"Чест за Бенито Мусолини", стои на транспарентот кој е потпишан со зборот "IRR", акроним кој означува "Irriducibili", една од најголемите навивачки групи која го поддржува Лацио. 

На само неколку чекори од миланската "Piazze Loreto" бил изваден скандалозниот транспарент, а освен тоа, навивачите на Лацио марширале по миланските улици пеејќи фашистички песни, пренесуваат италијанските медиуми.

На Сан Сиро вчера имало околу 4.000 навивачи на Лацио, а имало и зголемено полициско присуство поради потенцијални проблеми, посебно откако минатата седмица навивачите на Лацио на расистичка основа го навредувале фудбалерот на Милан, Бакајоко.

Во текот на натпреварот против Удинезе, кој Лацио го доби со 2-0, навивачите на Лацио пееле расистичка песна посветена на Бакајоко, во која отворено нагласуваат дека "оваа банана е за него", што дополнително ја потресло Италија која последните неколку месеци има проблеми со расистички повици на стадионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг