Сепак постојат и некои услови. Многу од луѓето сонуваат да имаат мала, удобна куќичка, додека пак на другите сон им е да живеат во раскошна вила покрај море.
Денес, не е многу тешко да се оствари овој сон, со оглед на тоа што во некои од европските хит дестинации, баш таквите градби ги продаваат за долар-два, а некои дури се и бесплатни.
Италијанското село на Сицилија, привлече многу млади луѓе, кога пуштиле оглас за продажба на убави куќи по цена од 1 долар. Еден единствен услов е, во рок од три години, куќата која сте ја купиле да направите да изгледа поубаво. Всушност, тамошните власти, очекуваат да потрошите околу 10-15 илјади евра на реновирање.
Доколку ви се допаѓа Франција, гратчето Рубе на север, можеби е идеално за вас. Економски е стабилно, брзо се развива, а властите сакаат дополнително да го населат. Во ова место, исто така, може да си ќарите куќа за 1 долар, а преку устен договор се договарате дека во неа ќе живеете најмалце 5 години, во кои ќе вложите и за реновирање.
Дури и пренаселена земја, како што е Јапонија, има многу празни куќи во неа. Жителите на Токио, подготвени се да ги подарат своите куќи бидејќи повеќе не им се потребни. Станува збор за суеверие, кое е типично за секој Јапонец- сите куќи во кои се случила некаква несреќа или е извршен некаков злостор, се проклети. Јапонците цврсто веруваат дека таквите куќи носат несреќа и сакаат да се “ослободат“ од нив по секоја цена.
Доколку сте љубители на природата и тишината, еве ја вистинската опција за вас. Окутама е еден од многуте “градови на духовите“, кој има прекрасни области кои ги хипнотизираат посетителите. Локалните власти сакаат да ги заинтересираат младите луѓе, да се преселат на ова тивко место, па затоа им понудија бесплатни куќи. Условот е, максимално да имате 43 години, а наредните 22 години да живеете таму.
Во Америка постои програма, под наслов „Urban Homestead“, која поддржува продажба на куќи за еден долар, особено ако станува збор за напуштени имоти. Услов за да станете сопственик на преубава куќа во Бафало, е тоа што веќе треба да сте жител на тој град, а во новата куќа треба да се доселите и да живеете најмалку три години. Секако и да ја реновирате куќата. Жителите на Бафало, се надеваат дека со овој потег ќе го направат Бафало, убав и голем каков што некогаш бил, без некој поголем трошок.
Проблемот со напуштените куќи постои и во Британија. Поради брзиот развој на оваа земја, сè повеќе луѓе се вселуваат во големите градови, за да ја градат својата кариера. Статистиката кажува дека во Велика Британија, во последните 6 месеци дури 200 илјади куќи останале празни, а тука спаѓаат и мноштво куќи кои се празни уште од седумдесеттите години. Затоа владата на Ливерпул, одлучила напуштените куќи да ги продава за 1 долар, но правилата се конкретни- тоа мора да биде вашето прво купување на имот, мора да бидете граѓанин на Ливерпул и мора да останете во таа куќа барем 5 години. Реновирањето во складност со градот, исто така е задолжително.
Има и такви градови кои ви нудат пари, за да се доселите таму. На пример, Кандела во Италија, дава 2000 долари на секој кој ќе се досели таму и кој ќе купи куќа за 1 долар. Овој очајнички потег, властите го повлекле затоа што се плашеле од тоа градот да не биде целосно напуштен. Во 1990 година во Кандела, живееле 9000 жители, додека пак оваа година има 2700. Младите луѓе масовно си одат да бараат среќа во големите градови, па затоа економскиот развој на Кандела целосно застанал, а невработеноста се зголемила. Услов да се купи куќа таму е да станете жител на овој град и да имате годишна заработка од 7500 евра. Доколку се селите сами, ќе добиете 800 долари, а доколку се селите фамилијарно ќе добиете 2000 евра.