Уште ништо не е готово: Ова е последната надеж за Ливерпул дека ќе ја освои Премиер лигата

Дерби

25/04/2019

11:24

2.679

Големина на фонт

а а а

„Граѓаните“ дојдоа екстремно блиску до освојување на нова титула во Премиер лигата откако вчера го положија најголемиот тест и славеа на „Олд Трафорд“ со што повторно се вратија во пол позиција во трката со Ливерпул.

Фудбалерите, но и навивачите на Ливерпул ќе очекуваат кикс на актуелниот шампион во Премиер лигата, а нова таква можност ќе имаат овој викенд кога Сити гостува кај Барнли.

Она што е интересно и што влева надеж кај страсните фанови на Ливерпул е тоа што Барнли од сезоната 2009/10 па навака, кога играл во Премиер лигата редовно го победувал актуелниот шампион.

Барнли во 2009 година со 1:0 го совлада тогашниот бранител на титулата Манчестер Јунајтед, во 2014/15 сезона славеше против Сити со идентични 1:0, а во 2017 го совлада Лестер со 1:0.

Последната победа Барнли ја оствари минатата сезона кога славеше врз тогаш актуелниот шампион Челси со 3:2.

Од Ливерпул ќе се молат оваа традиција на избраниците на Шон Дајч да продолжи и во актуелнава сезона која ќе биде неизвесна до самиот крај.

##https://twitter.com/RoyalDyche/status/1116013995809439744##



Спонзорирани линкови

Маркетинг