Избран идеалниот тим во Премиер лигата за оваа сезона: Во него и фудбалер на Манчестер Јунајтед

Дерби

25/04/2019

11:20

1.628

Големина на фонт

а а а

Од Професионалната Фудбалска Асоцијација на Англија пред малку го соопштија тимот на сезоната во Премиер лигата.

Она што е интересно е што во тимот има играчи само од Манчестер Сити и Ливерпул, а се издвојува само Пол Погба кој е единствениот играч кој не е од овие два тима.

Многумина останаа зачудени кога го видоа Погба во најтесниот избор. Иако Французинот има одлична статистика зад своето име, често беше мета на напади на фудбалските аналитичари поради своите настапи оваа сезона.

Во тимот на сезоната се најдоа:

Едерсон Мораеш- Манчестер Сити

Трент Александер Арнолд- Ливерпул

Вирџил ван Дијк- Ливерпул

Ајмерик Лапорте- Манчестер Сити

Ендрју Робертсон- Ливерпул

Пол Погба- Манчестер Јунајтед

Бернардо Силва- Манчестер Сити

Фернандињо- Манчестер Сити

Серхио Агуеро- Манчестер Сити

Рахим Стерлинг- Манчестер Сити

Садио Мане- Ливерпул



Спонзорирани линкови

Маркетинг