Ана се претставувала како богата наследничка и така извела една голема измама: Крадела од хотели и банки, а на суд сите забележале само една работа

Точка

25/04/2019

11:04

4.848

Големина на фонт

а а а

Овие денови во Њујорк под будно око се следело судењето на германската државјанка Ана Соркин, обвинета за измама.

Имено, Ана со години се претставувала како богата наследничка за да ужива во луксузен живот. Се смета дека хотелите и рестораните на тој начин ги "оштетила" за стотици илјади долари, а измамила и многу пријатели и познаници. 

Веќе две години се наоѓа во затвор на Рајкеров остров. Судењето почнало кон крајот на март, а оваа недела обвинителот и адвокатот дале завршен збор.

Ана Сорокин, инаку родена во Русија, која завршила средно училиште, од 2013-та година се претставувала како Ана Делви и така земала 275.000 долари од банки, хотели, компании и пријатели. Обвинета е за десет кривични дела и и се заканува казна од 15 години затвор.

На пример, бидејќи се дружела со извршниот директор на старт-ап компанијата "Блејд", која на богаташите им нуди луксузни летови, на Ана и било овозможено да букира лет од 35.000 долари, а неморала ни да плати. Сметале дека за тоа нема потреба бидејќи и верувале дека ќе плати подоцна. Меѓутоа, кога не платила ни по еден месец, почнале проблемите.

Адвокатот Тод Сподек раскажал приказна за девојка која имала големи сништа. Сите ги плаќале нејзините сметки, мислела дека тоа е нормално. Приказната за богатата наследничка требало да и ја отвори вратата во еден друг свет.

"Тоа можеби делува неморално, но не е злосторство", им рекол адвокатот на поротниците.

Ана Сорокин мечтаела за тоа да основа луксузен клуб за богаташи и соработувала со познати личности како Габриел Калатраве, син на славен архитект, со локали за одбрана клиентела како "Нобу" и култниот хотел "Стандард".

Сите сакале да работат со неа и свесно ги игнорирале сигналите за предупредување, истакнал Сподек.

"Ако сето тоа било некоја голема измама, зошто не ја уапсиле порано. Го живеела својот живот, на неконвенционален, неморален, но не и криминален начин", рекол тој.

Обвинителката Кетрин Меко, која повикала десетина сведоци, зборувала за ладнокрвните измами и кражби.

"Украла 100.000 долари од Националната банка "City", а половина од тие пари ги ставила во џеб. Немала пари и немала намера да плаќа за било што. Немало ништо освен лаги, лаги и уште лаги - и жртви кои се ределе една по една", рекла Меко, додавајќи дека е неспорно дела обвинетата фалсификувала документи од банкарски сметки.

Меѓутоа, најголема од сите лаги била таа дека се претставувала како германска наследничка, која во повеќе фондови има богатство од 60 милиони евра.

Сепак, овие обвиненија не привлекле најголемо внимание во текот на судењето. За до крај да ја одигра својата претстава, Ана Сорокин ангажирала позната стилистка и секој ден доаѓала во судница во скапи модни комбинации, во главно од познати креатори.

Кога еднаш два часа задоцнила на рочиште, судијата Дајен Кизел ја опоменала: "Ова е судење, не е модна ревија".

Нејзините родители, кои живеат во Германија, рекле дека не знаеле ништо за тоа што таа го прави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг