На австриски бегалец му "се смачиле" Канарските острови па се вратил во затвор: По 10 години бегство им тропнал на врата на полицајците

Точка

25/04/2019

09:55

2.639

Големина на фонт

а а а

Еден побегнат затвореник се појавил по 10 години бегство, пред полициската станица во Салцбург со желба да се врати во затворската ќелија.

Австриецот, на возраст од 64 години, по бегството живеел на Тенерифе, но сега, во староста, одлучил да се врати во татковината. Тој со два куфери допатувал преку Минхен во Салцбург, каде тропнал на вратата на полициската станица. 

Бегалецот на зачудените полицајци им рекол дека Тенерифе повеќе не е тоа што било, дека не е толку убавo и дека премногу долго живеел таму. Откако бил проверен неговиот идентитет, се воспоставило дека побегнал од затворот Шварцау ам Штајфелд.

Во договор со судот и обвинителството, тој бил префрлен во затвор во Салцбург.

Инаку, тој во декември 2008-ма година побегнал, и тоа половина година пред истекот на казната.

Бидејќи во Австрија бегството од затвор не е казниво, Австриецот ќе мора да одлежи половина година, колку што му останало од некогаш изречената казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг