Клиперс победија во Оукленд, Хјустон ја елиминираа Јута

Макфакс

25/04/2019

09:48

1.083

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на ЛА Клиперс направија уште едно големо изненадување, ги победија Голден стејт Вориорс 129:121 и ја намалија предноста на шампионите, на 3-2 во победи, во првата плеј-оф рунда, во Западната конференција, во НБА лигата.

Клиперси, во вториот меч од серијата, одигран на теренот на Голден стејт се вратија по негативата од 31 поен, а во петтиот меч преживеаја и покрај брилијантната игра на Левин Дурент.

Клиперси во последната четвртина испуштија предност од 15 поени, Вориорс во финишот имаа 118:117, но мечот го реши Лу Вилијамс, кој погоди за три поени под фаул и беше прецизен два пати од тешки позиции.

Вилијамс ги предводеше Клиперси со 33 поени, 4 скока и 10 асистенции, Монтрезл Херел постигна 24, Данило Галинари 26 поени, а Патрик Беверли забележа 17 поени и 14 скока.

Кевин Дурент постигна 45, негов личен рекорд во плеј-офот, Стеф Кари постигна 24, а Клеј Томпсон 22 поени.

Шестиот меч се игра во петок навечер во Лос Анџелес.

Хјустон Рокетс изборија пласман во конференциското полу-финале. Во петиот меч тие ги победија Јта Џез 100:93. Рокетс славеа и покрај скромната партија на Џејмс Харден кој мечот го започна со шут 1/11. Еднакво лош на спротивната страна беше Донован Мичел, кој не погоди ниту една тројка од деветте обиди, а погоди само четири од 22 шута од поле.

Харден на крајот беше најефикасен кај Хјустон со 26 поени (шут 10/26), Клинт Капела забележа 16 поени, 10 скока и 3 блокади, а по 15 поени постигнаа Крис Пол и Ерик Гордон.

Рики Рубио ги предводеше „џезерите“ со 17 поени и 11 асистенции, Ројс О’Нил постигна поен повеќе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг