Последици од купувањето на „С-400“: Ако Американците не им ги продадат авионите, Турција има „План Б“

Точка

25/04/2019

17:24

5.969

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер Чавушоглу на некој начин најави дека неговата земја има „План Б“ во случај САД да одлучат да не им ги продадат најмодерните авиони од петта генерација „Ф-35“.

Како што е познато, доколку Турција наскоро го купи рускиот против-ракетен систем „С-400“, тоа ќе значи дека Вашингтон ќе воведе санкции против Анкара, односно турската армија нема да ги добие веќе нарачаните најмодерни борбени авиони од петта генерација „Ф-35“.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу поради тоа, порача дека Турција ќе побара замена, доколу Американците одбијат да им ги продадат најновите авиони, како што било договорено.


„Ние сме партнери во производната програма на „Ф-35“, го плативме потребниот износ. Но, во најлошо сценарио, своите потреби ќе мора да ги задоволиме на некое друго место, односно таму каде што ќе ни биде понудена најдобрата технологија“, изјави турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу.

Тој не откри каде тоа би можело да биде, но многумина шпекулираат дека тоа би значело дека Турција најверојано ќе се сврти кон купување на воена опрема од Русија, вклучувајќи и борбени авиони, нешто што би било исклучително комплицирано со оглед на тоа што државата е земја членка на НАТО Алијансата.


Истиот ден и турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар порача дека Анкара веќе има „План Б“ во случај договорот со Соединетите Американски Држави околу купувањето на авионите „Ф-35“ и дефинитивно да се распадне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг