СДСМ: Не е точно дека била закажана дебата на „Телма“

Макфакс

24/04/2019

20:33

1.556

Големина на фонт

а а а

Сиљановска лаже, не е точно дека била закажана дебата на Телма телевизија, реагира владејачкиот СДСМ преку соопштение, откако кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова напиша дека жали што нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски го откажал учеството на ТВ-дуелот што требал да биде одржан вечерва.

„Сиљановска повторно лаже и се служи со невистини. Воопшто не е точно дека бил закажан ТВ-дуел на Телма телевизија. Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од ‘жешко столче’ на истиот медиум“, велат од СДСМ во реакцијата oд каде во прилог ја испратија поканата за дебатата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг