Адидас претстави патики за трчање кои во целост ќе може да се рециклираат

Точка

24/04/2019

19:32

1.044

Големина на фонт

а а а

Што доколку би знаеле дека патиките кои ги носите на утринско трчање еден ден можат да завршат како сосема нови на други стапала? Со новата Адидас колекција тоа навистина е можно.

Имено, Адидас креираше серија патики кои во целост може да се рециклираат. Првиот пар на овие патики од колекцијата Futurecraft Loop е претставен во Њујорк. 

Од германската компанија за производство на спортска опрема велат дека овие патики се направени од само еден материјал, новопроизведен TPU, без лепило и хемикалии за спојување на парчиња.


Ова претставува голема разлика во однос на традиционалните Адидас патики кај кои обично се спојуваат од 12 до 15 компоненти.

Со овој начин на производство, кога ќе дојде време за рециклирање на патики, материјалот само ќе биде абразивен за повторна употреба.


Од Адидас истакнуваат дека се надеваат дека секој пар патики повеќе пати ќе се рециклираат. Крајната цел на компанијата е производството на повеќе вакви модели за да го елиминира поголемиот дел од својот пластичен отпад. Ветувањето на компанијата е дека до 2024 година ќе се користи само рециклиран полиестер во секој производ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг