Не поднесува лаги: Ова е најискрениот хороскопски знак

Точка

24/04/2019

19:17

4.070

Големина на фонт

а а а

Ако некој некогаш ви рекол дека „вистината ослободува“, тогаш веројатно е роден во овој хороскопски знак.

Станува збор за Овните, во чив период се наоѓаме моментално.


Иако важат за егоистични, груби, па дури и агресивни, Овните ги краси една од најважните карактеристики кај човекот, а тоа е искреноста. Тие своето време никогаш не го трошат на измислување приказни, бидејќи на крајот секогаш се потврдува дека вистината е наједноставниот пат. Тие пред сè не сакаат да се разочараат себе, а дури потоа другите луѓе.

Многумина мислат дека Овните се искрени само поради тоа што сакаат да ги повредат другите, меѓутоа, тоа не е вистина. Нивниот нагон за зборување на вистината е вроден и тие сметаат дека секоја лага е глупава и непотребна.


Можеби понекогаш ви е подобро да слушнете разубавена верзија на некоја приказна, но доколку веднаш ја дознаете цела вистина, подоцна нема да ве шокираат непријатните изненадувања и веднаш ќе знаете „на што сте“, што всушност е целта на искрените Овнови. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг