Локацијата за снимање и глумците за новиот Џејмс Бонд утре ќе бидат официјално познати

Точка

24/04/2019

18:57

2.156

Големина на фонт

а а а

Деталите за продолжението на најпознатиот агент Џејмс Бонд, 25 по ред ќе бидат познати утре на официјалното претставување на информации во пресрет на почетокот на снимањето на филмот.

Многу малку досега било познато за новото остварување на режисерот Кери Џоџи Фукунага, но после утрешниот пренос во живо на речиси сите социјални мрежи, филмската екипа ќе открие бројни детали. 

Изминатите месеци кружеле бројни гласини за новиот Џејмс Бонд, но улогата на 007 агентот по петти пат му припаднала на Даниел Крег. Ова би требало да биде неговата последна улога на шпионот Бонд откако глумеше во "Casino Royale", "Quantum Of Solace", "Skyfall" и "Spectre".

Според информациите на странските медиуми, Рами Малек, ѕвездата на филмот "Bohemian Rhapsody" преговара со продуцентите за преземање на улогата на главниот злосторник во продолжението на сагата за Џејмс Бонд.


Снимањето на филмот би требало да започне кон крајот на месецот, а утре ќе биде откриена и новата локација за снимање, како и комплетната филмска екипа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг