Славната манекенка откри детали за вечерата со Анџелина Џоли: "Се однесуваше како ку*ка"

Точка

24/04/2019

17:47

5.682

Големина на фонт

а а а

Манекенката Каприс Бурет, која во 90 била вистинска ѕвезда, во интервју за New Magazine се потсетила на деновите кога била славна. Каприс (47) од 1996 година живее во Велика Британија, а откако била топ модел и глумица, покренала свој моден бренд By Caprice.

"Бев хулиган, колку многу само пиев. Не се дрогирав, но можев добро да се испијанам. Сама би испила цело шише водка, а момчињата покрај мене паѓаа под масата", рекла таа. 

Големо внимание предизвика нејзиното потсетување на тоа кога се сретнала со Анџелина Џоли.


"Еднаш вечерав со неа. Вечерав одвоено и со Бред Пит. Не можам да се сетам дали тогаш беа во брак, но таа беше ужасна. Се однесуваше како вистинска ку*ка. Во текот на вечерата не изусти ниту еден збор, само гледаше напразно. Беше ужасна, искрено", рекла Каприс.


Додека за Пит тврди дека е многу драг маж, многу пристоен и мил.

"Џенифер Анистон е дефинитивно подобар избор на жена за него", рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг