Вчера како и денеска се играа/играат заостанатите мечеви во Премиер лигата по што сите екипи ќе имаат 35. рунди зад себе, односно ќе имаме вистинска слика за сите состави пред завршните три кола.
Највозбудливо е за самиот врв и битката за влез во Лигата на шампионите во следната сезона. Ливерпул и Манчестер Сити бодат битка за пехаро, додека Тотенхем, Челси, Арсел и Манчестер Јунајтед ги бркаат позициите три и четири што носат елитен фудбал во следната кампања.
Кој ќе излезе како победник останува да видиме, но токму на оваа тема една прогноза даде голманот на Арсенал, Бернд Лено.
Германецот верува дека пехарот на крајот ќе заврши во рацете на Манчестер Сити, а пак во Топ 4 ќе бидат уште тие како екипа заедно со Тотенхем.
-Сити ќе биде прв затоа што Ливерпул има обврски и во ЛШ, па можеби ќе останат без сила и енергија. Мислам дека имаат реални шанси со Барселона, шансите се 50/50, ама Сити го има само ФА Купот и ПЛ. Мислам дека на крајот ќе бидеме ние и Тотенхем. Верувам во нашиот квалитет и ние се имаме во наши раце. Не ми е грижа за другите клубови, ако ние сме во Топ 4, се ќе биде во ред за мене, -порача Лено.