Овен направи анализа и предвиде како ќе заврши дербито меѓу Јунајтед и Сити

Дерби

24/04/2019

18:19

2.211

Големина на фонт

а а а

Оваа вечер во првата лига на Англија се игра големата градска пресметка меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, дуел кој е голем влог за двата состави со оглед на тоа што едните водат жестока битка за влез во ЛШ, а другите за пехарот.

Поради ова сите очи од 21 часот ќе бидат вперени кон „Олд Трафорд“ кон дуелот кој се очекува да ни понуди квалитетен, возбудлив фудбал со многу голови. Во пресрет на истиот, некогашниот англиски репрезентативец Мајкл Овен направи анализа и го предвиде конечниот исход на дербито.

Тој смета дека домаќините ќе сакаат да се извадат за катастрофалниот настап против Евертон, односно ќе успеат во таа намера и ќе им украдат клучни бодови на „граѓаните“ во борбата за пехарот.

-Сити има загубено само еднаш на седумте последни лигашки посети на „Олд Трафорд“, но на Јунајтед очајно му е потребно воздигнување по катастрофалниот настап на „Гудисон Парк“ во неделата. Сите во клубот се повредени по поразот од 4-0, ама имаат идеална можност во среда да се исправат-сигурено не можат да одиграат толку лошо. Сити ќе биде без Де Брујн кој се повреди против Тотенхем минатиов викенд, тоа е голема загуба за шампионот, ама очекувам да видам шанси и голови на двете страни. Јунајтед е без пораз во последните 14 домашни лигашки натпревари, ама само два пати ја сочува својата мрежа во оваа кампања.Ова е голем натпревар за двете екипи, меч кој може да биде клучен за титулата во Премиер лигата, -истакна Овен во својата анализа при што типува на конечен резултат 2-2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг