Paint сепак ќе остане дел од Windows 10

Точка

24/04/2019

18:29

1.688

Големина на фонт

а а а

Популарната алатка за цртање е еден од најпрепознатливите делови на Windows и ден денес има голем број на корисници и обожаватели кои неретко го користат од чиста носталгија.

Microsoft веќе подолго време планира да го повлече Paint од својот оперативен систем Windows 10, но се чини дека во комапнијата ја променија одлуката. Според најновите информации, оперативниот систем и во иднина ќе го поддржува Paint, а тоа го потврди и Брендон ЛеБлан, сениор менаџер за Windows програми во Microsoft.

ЛеБлан не откри зошто во Microsoft воопшто се размислува за „пензионирање“ на популарната алатка, но според неговите зборови, едно е сигурно – барем засега нема да има повлекување на Paint.


„Да, MSPaint ќе биде достапен и во верзијата 1903“, накратко изјави ЛеБлан за американските медиуми.

Планот на Microsoft беше Paint да биде избришан од стандардната понуда на апликации за Windows и потоа да биде понуден како бесплатна апликација за симнување од виртуелната продавница на Microsoft.



Спонзорирани линкови

Маркетинг