Според Германците, најубавите автомобили ги прават Италијанците...

Точка

24/04/2019

17:40

2.622

Големина на фонт

а а а

Читателите на познатиот германски магазин Auto Bild одлучија дека моделите Giulia, Giulietta и Stelvio се најдобро дизајнираните автомобили во својата категорија.

Германците веќе трет пат по ред ги прогласуваат автомобилите на италијански Alfa Romeo за најдобро дизајнирани автомобили на пазарот – според читателите на Auto Bild, моделите Giulia, Giulietta и Stelvio се победници во категоријата најдобар дизајн за „компактен автомобил“, потоа „автомобил од средна класа“ и „компактно SUV возило“.

Очигледно е дека дизајнот на Alfa Romeo ги освојува германските читатели на познатиот магазин. Како и во 2017-та година, така и во 2018-та година Stelvio е прогласен за најубав џип на пазарот, а трета година по ред за најубави автомобили се прогласени Giulia и помалата Giulietta, исто така на италијански Alfa Romeo.


„Посебно ме радува дека повторениот успех се однесува на три различни категории на возила. Тоа покажува дека широкиот распон на дизајн на Alfa Romeo функционира совршено“, изјави Клаус Бусе, заменик шеф за дизајн во FCA групацијата.

На осмото издание на големата анкета за избор на „најдобри марки“, читателите на печатеното и онлајн издание на германскиот магазин оценуваа голем број на различни подрачја поврзани со автомобилите.


Меѓу самите автомобили, можеа да избираат помеѓу 38 марки во различни категории, од мали автомобили до кабриолети и SUV возила. Во анкетата учествувале вкупно 63 илјади читатели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг