Брачен пар направиле мало чудо: Пустина претвориле во шума

Точка

24/04/2019

17:10

3.728

Големина на фонт

а а а

„Земјата беше болна. Сè беше уништено. Само околу 0,5% од земјата беше покриена со дрвја. Тогаш мојата сопруга имаше неверојатна идеја, да засадиме нова шума“ - вели Себастио.

Бразилскиот фотограф, Себастио Салгадо и неговата сопруга Лелиа Делуиз Ваницк Салгадо, одлучија да покажат што може една мала група на страствени и посветени луѓе да направи за да го прекинат уништувањето на шумите, започнале нов процес на пошумување. 


Себастио е познат светски фотограф, кој ги има освоено сите можни награди што се доделуваат на фотографите и фоторепортерите. Уште во текот на деведесеттите години на минатиот век, физички и емоционално исцрпен, после документирањето на геноцидот во Руанда, се вратил дома во своето родно место во Бразил, кое некогаш било покриено со густа и тропска шума.

Тоа што го „дочекало“ таму, целосно го уништило. Наместо природа и прекрасната убавина на Бразил, открил дека подрачјето во кое што пораснал сега е пусто и лишено од дрвја и животни. Неговата сопруга, Лелиа, наместо да очајува, воочила прилика дека заедно можат повторно да го направат тоа место како мал рај.

„Земјата беше болна, како мене. Сè беше уништено. Само околу 0,5% од земјата беше покриена со дрвја. Тогаш мојата сопруга имаше неверојатна идеја, да засадиме нова шума. После првото засадување на дрвјата, земјата полека почнуваше да станува зелена, прво се вратија бубачките, па птиците и рибите, а потоа и поголемите диви животни. И јас повторно се родив“ - рече Салгадо.

Себастио и Лелиа заедно го основале институтот „Terra“, мала организација која од тогаш има засадено 4 милиони млади дрвја и ја вратила шумата таму каде што отсекогаш била, пред да дојде индустријата.

„Можеби имаме решение. Постои само едно суштество кое што може да го претвори CO2 во кислород, а тоа е дрвото. Мораме повторно да засадиме шума. А на нас останува повторно да ја засадиме шумата со автохтони дрвја. Сè што е потребно е да собереме семе, од истата област каде што се садат дрвјата. Доколку садите шуми кои не припаѓаат на таа област, бубачките, змиите и животните нема да дојдат, а шумата ќе биде пуста и тивка“ - објаснуваат.

„И така, откако се погриживме сè што имаме посадено да биде автохтоно во таа област, цела околина доживеа трансформација. Во текот на наредните дваесет години, шумата и  сè што ја следи се врати, и една сува и пуста област повторно стана зелен простор, мирисот и какофонијата од песната на птиците и инсектите“ - вели Себастио.

Се вратиле околу 172 видови птици, 33 видови цицачи, 293 видови растенија, 15 видови водоземци, целиот екосистем е обновен од нула.

Овој проект има инспирирано милиони, така што дава конкретен пример за позитивни еколошки акции, и покажува како со знаење и предност може да се поправи околината.

„Мораме да ја слушаме природата, затоа што таа е поврзана со сите суштества, а доколку премногу се оддалечиме од неа, се плашам дека тоа е патот кон пропаста“ - објаснува Себастио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг