Трамп против Твитер: Ја ограничуваат видливоста за републиканците

Точка

24/04/2019

16:36

1.613

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повикал на формирање на повеќе и поправедни социјални медиумски компании како одговор на дискриминацијата, која како републиканец ја почуватвувал од компанијата.

Тој, исто така, го поздравил учеството на американските пратеници, кои ги повикале извршните органи од неколку технолошки компании да сведочат во врска со разни скандали.

„Не е чудно што Конгресот сака да учествува - и треба“, напишал тој на Твитер.


Трамп поседува еден од најплатените профили на Твитер, со речиси 60 милиони следбеници, но тој повеќепати ја критикувал оваа компанија и нејзините конкуренти во социјалните мрежи за она што го нарекол пристрасност против конзервативците.

Тој ги обвинил Твитер и другите технолошки компании за ограничување на видливоста на истакнати републиканци во САД, но не доставил докази со кои би го потврдил тоа тврдење.


Компанијата Твитер соопштила дека е посветена на слободно изразување и ја редуцирала случајната пристрасност во нејзините алгоритми.

Извршниот директор на компанијата Твитер, Џек Дорски, исто така рекол дека нема статистички значајна разлика помеѓу фреквенцијата на гледање на твитовите меѓу демократите и републиканците. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг