24 годишната Шајма Исмаел, стана вирален хит откако се фотографирала со хиџаб пред демонстрантите против Исламот.
Младата терапевтка, која работи со деца што имаат аутизам, се упатила кон конвенцијата „Islamic Circle of North America“, а пред салата ги затекнала демонстрантите со плакати и натписи како: „Исламот е религија на крвта и убиствата“, „Исус е единствениот божји син“ и слично.
Шајма одлучила да се фотографира пред демонстрантите, со голема насмевка на нејзиното лице, а подоцна, за американските медиуми открила дека сето тоа ги разбеснило демонстрантите кои што почнале да ја пцујат и да ѝ дофрлаат грди коментари.
Само на „Твитер“, нејзината објава достигнала до 150 илјади лајкови и многу коментари, а подоцна луѓето почнале да споделуваат свои фотографии кои настанале на сличен начин.
My brother happened to do the same pic.twitter.com/28XIWdjBSJ
— In (@Inza_ari) April 24, 2019