Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Макфакс

24/04/2019

15:43

2.820

Големина на фонт

а а а

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив чистка, реконструкција, но од почетокот на распишување на изборите до завршување на изборите е забрането, рече премиерот Зоран Заев. Тој најави дека ќе почека по завршување на изборите, да ја спроведе најавената реконструкција и смена на некои од министрите и функционерите.

Заев не сакаше да открие кои ќе бидат првите министри што ќе бидат сменети.

Премиерот рече дека анализите покажале оти прашањето за името и договорот од Преспа не се причините зошто не се исполниле нивните очекувања за освоените гласови во првиот круг на претседателските избори и посочи на резултатите од референдумот, на кој 609 илјади луѓе гласале „за“ промена на името во Република Северна Македонија и ги спореди со гласовите на Гордана Силјановска-Давкова на изборите од 300.000.

„Граѓаните апстинираа преку седење дома, испратија порака на незадоволство од власта, но ако се откажале од нас, ќе дале поддршка за Силјановска. И Мицкоски е делегитимиран бидејќи и кај ВМРО-ДПМНЕ има намалување на гласовите“, рече Заев.

Во однос на вториот круг на изборите, Заев рече дека очекува опозоцијата да не бојкотира.

На прашањето дали очекува поголема поддршка од ДУИ во вториот дел од кампањата, Заев смета дека имаат право да ги очекуваат гласовите на сите помали етнички заедници, меѓу кои и на Албанците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг