Сè прави по свое: Меган го налути кралското семејство со својата последна одлука за бебето

Точка

24/04/2019

16:12

5.864

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл наводно сака првите фотографии од бебето да се објават на насловната страница на магазинот Vogue. Анонимен извор раскажа дека Меган и понатаму ги прави работите по свое, спротивно на она што кралското семејство очекува од неа.

Во палатата се бесни поради тоа, а Меган наводно бара фризери и стилисти кои ќе ја средат за првото фотографирање со бебето, пренесува Mirror. 

Војвотката од Сасекс и принцот Хари во соопштение за јавноста порачаа дека таа ќе се породи дома, а не во болницата St. Mary's како принцезата Дајана и Кејт Мидлтон и дека бебето ќе ѝ го покаже на јавноста дури после неколку дена. Според анонимните извори, Меган одлучи јавноста да го запознае бебето преку магазинот Vogue.


Одлуката наводно ја донела сама, исклучувајќи ги сите од кралското семејство, што наводно ја лути бабата на Хари, кралицата Елизабета.

Во Лондон пристигна и мајката на Меган, Дориа Регланд, поради што во јавноста се шпекулира дека Меган веќе се породила. Очекуваниот датум за раѓањето на кралското бебе никогаш не беше откриен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг