Со добра причина е прогласена за жена со идеално тело и пропорции. Скарлет Јохансон е прогласена за жена со идеални телесни пропорции, а тоа што оваа актерка го прави за да биде во одлична кондиција, вредно е за восхит.
Скарлет, на премиерата на новиот филм за „Авенџерс“, ја покажа одличната фигура и интересната тетоважа на грбот. Во неверојатен „металик“ фустан, ги покажа совршено тонираните нозе и грбот.
Таа вежба со двајца тренери, Рајан и Ерик Џонсон. Со овие тренери вежбала и во текот на снимањето на филмовите „Капетан Америка“, „Дух“ и „Одмаздници: Војна на бескрајот“. Нејзините тренери ја охрабруваат да јаде темно чоколадо пред тренинг, затоа што така се доаѓа до пуштање на ендорфинот.
За да се подготви за улогата „Црна вдовица“, во последниот дел на „Одмаздници“, имала тренинг од 90 минути, неколку пати неделно. Користела тегови, еластични траки, медицинки и „TRX траки“. Нејзините вежби се состоеле од серија, со повторување од по 20, 25 и 30 пати. Трчала интервали во теретана и надвор.
Вежбала напорно и редовно, се хранела исправно и доволно спиела. Таа дисциплина ѝ годела и затоа толку добро изгледа. Таа редовно знае да си се почести, секој пат кога ќе посака нешто благо. Кога имате така концизен распоред и начин на живот, тогаш ваквото изневерување не се смета за изневерување.
Нема ништо против тоа да јаде дома, но понекогаш се придржува до веганската исхрана. Во целост се придржува до својата диета. Јаде овесна каша, свежо овошје и зеленчук, салати и лесни протеини. Скарлет има по неколку мали оброци дневно.