Крадец со ќеса на главата ограбил бензинска станица, па направил глупав потег кој го разоткрил

Точка

24/04/2019

15:43

2.560

Големина на фонт

а а а

Вооружен крадец ограбил бензинска станица во Квинсленд, Австралија, носејќи ќеса на главата за да го сокрие своето лице, но бидејќи немал каде да го стави “пленот”, ја тргнал ќесата од глава, притоа правејќи потег кој во истиот момент го разоткрил.

Тој во локалот влегол со ќеса на главата, пришол до пултот и со нож во рацете побарал од вработениот да ја испразни касата. Уплашениот работник го послушал неговото барање, а крадецот почнал да ги става парите во џебови. Потоа побарал да му предаде и неколку кутии цигари, а за да ја сокрие робата, ја тргнал ќесата од глава и ги ставил украдените работи внатре. 

По грабежот, мирно ја напуштил продавницата, со пари во џебовите и неколку кутии цигари во ќесата.


Полицијата објавила снимка од грабежот и негова фотографија и ги замолила сите кои имаат информации за крадецот да ги контактираат.


Веројатно нема да им треба многу време за да го уапсат, со оглед на тоа што се разоткрил со еден потег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг