Перо Антиќ го изнесе својот план за кошарката повторно да стане спорт број еден во Македонија

Дерби

24/04/2019

14:58

1.292

Големина на фонт

а а а

На специјална прес конференција, прославениот македонски кошаркар, Перо Антиќ го изнесе својот план како би раководел со кошаркарската федерација доколку ја добие довербата и биде назначен за претседател.

Во тимот на Перо Антиќ се најдоа бројни етаблирани кошаркарски имиња од земјава кои со сплотени сили ќе го вратат сјајот на овој спорт во Македонија.

Антиќ на прес конференцијата посочи дека главен приоритет на почетокот ќе биде обезбедување генерален партнер на лигите и намалување на котизациите за настап во лигата. Легендарниот Антиќ најави и намалување на казните, а посочи и дека ќе се најде спонзор кој ќе ги снабдува клубовите со опрема по набавна цена.

– Мора да почнеме од главното, а тоа е обезбедување на генерален партнер на лигите. Котизациите кои ги плаќаат клубовите се многу високи и ќе ги намалиме за 20%, а во текот на мандатот ќе гледаме истите да се сведат на минимум. Ист е принципот и со казните, мора да ги има, но не треба федерацијата да живее од тие казни, – истакна меѓу другото Перо Антиќ на прес конференцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг