Зидан не му верува: Реал ја постави цената за еден од играчите кои ветуваа многу

Дерби

24/04/2019

14:56

1.921

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Зинедин Зидан и дефинитивно се откажал од фудбалерот кој во клубот пристигна пред четири години како голема надеж за во иднината.

Многумина беа изненадени од партиите на тогаш 16 годишниот вундеркинд од Стромсгодсет, Мартин Одегард кој брзо го привлече вниманието играјќи на врвно ниво во најсилната лига во Норвешка.

Токму затоа, стигна понудата од Реал Мадрид кој го ангажираше во летото 2015 година. Меѓутоа, норвешкото чудо од дете не се изнаигра на „Сантијаго Бернабеу“ па долго време е праќан на позајмици.

Оваа година, Одегард игра одлично во дресот на холандскиот Витезе, но и тие настапи не го убедиле Зидан да му даде нова шанса. Французинот дал зелено светло да се постави цена за офанзивниот фудбалер кој ќе има слободни раце да бара нова средина во летниот преоден рок.

Наводно, Реал Мадрид поставил цена од 20 милиони евра за целосен откуп на неговиот договор, а се верува дека тимот на Ајакс набрзо ќе затропа на вратата со конкретна понуда за Одегард.

Со оглед на работата на холандскиот клуб со младите таленти, не е чудно ако за неколку години цената на Мартин Одегард драстично порасне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг