Славната манекенка и поранешната девојка на Ди Каприо ќе плати "дебела" казна: Затајувала милиони долари

Точка

24/04/2019

15:05

2.208

Големина на фонт

а а а

Израелскиот супер модел Бар Рафаели мора да плати повеќе милиони долари поради неплатен данок во текот на 2009 и 2010 година кога живеела во САД со глумецот Леонардо Ди Каприо, јавуваат израелските медиуми.

Рафаели се жалела на суд во Лод кај Тел Авив на одлуката на Даночната управа дека во тоа време живеела во Израел и дека должи неплатен данок. 

Таа на суд тврдела дека била во сериозна врска во тој период и дека живеела со Дик Каприо во САД и дека не била жител на Израел.

Поради тоа не должела пари, бидејќи не мора да плаќа израелски данок на приход заработен надвор од Израел, како што рекла таа. Главниот спор настанал околу тоа каде бил "центарот на нејзиниот живот", во Израел или во странство. Нејзините адвокати најавиле тужба против Врховниот суд.


Рафаели и нејзините родители исто така се соочиле со обвинение за перење пари и проневера. Меѓутоа, тужба нема да биде покрената додека Рафаели не се сослуша или откаже од правото на сослушување.

Судијата Шмуел Борнштајн пресудил дека таа не доставила вистински докази дека ги прекинала врските со Израел или дека тоа имала во план да го направиво текот на тие години, и дека центарот на нејзиниот живот и понатаму бил во Израел и дека била граѓанин на Израел, па морала да плаќа данок.


Во кривичниот случај Рафаели е обвинета дека сокрила повеќе од шест милиони долари приход од 2009 до 2012 година. Таа на даночните службеници во САД им рекла дека живее во Израел, а на израелските обратно. За тоа време наводно издавала и купувала станови во Израел.

Покрај тоа се сомнева дека таа сокрила два милиони долари приход од 2005 година до 2007 година. Обвинета е дека примала луксузни подароци, дека можела да користи луксузни возила во замена за публицитет на компанијата и дека тоа не им го пријавила на даночните службеници.


Нејзината мајка Ципи е обвинета дека затаила милион долари приход кој го примала работејќи како агент на својата ќерка.

Случајот започнал во декември 2015 година, кога Рафаели е обвинета дека сокрила 250.000 долари кои ги добила како позната личност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг