Девојче родено без шаки победило во натпревар по убаво пишување

Точка

24/04/2019

15:16

2.089

Големина на фонт

а а а

10-годишно девојче кое е родено без шаки докажало дека може да ги извршува задачите како и било кој друг – дури и подобро!

Сара Хинесли ја освоила наградата “Nicholas Maxim” на натпреварот “Zaner-Bloser” за најубав ракопис. Оваа награда им се доделува на ученици со интелектуален, телесен и развоен инвалидитет.  

За да може да пишува, Сара го држи моливот помеѓу краевите на рацете. Таа е трето одделение во регионалното католичко училиште “St. John” во Фредерик, а убавото пишување го научила од учителката, но има и природен талент.


“Мислев дека е лесно, но морав многу да вежбам”, изјавила Хинесли.

Сара добила награда од 500 долари и сѐ уште не одлучила како ќе ја потроши, но се надева дека другите деца со потешкотии во развојот ќе бидат инспирирани од нејзината приказна.


“Бев горда и се надевам дека другите деца кои исто така имаат некаков проблем, ќе научат нешто од мене, а тоа е дека ако доволно се потрудите, можете да направите сè”, додало девојчето.

Нејзината мајка Кетрин Хинесли вели дека била воодушевена кога Сара ја освоила наградата.

“Сара е многу независно девојче. Кога нешто ќе посака, таа прави сè за да го добие. Секоја задача ја сфаќа многу сериозно и не се откажува од неа сè додека не ја заврши”.


Освен што сака да пишува, таа се занимава и со уметност, вози велосипед, чита и плива. Нејзиното семејство сакало да ѝ обезбеди простетички раце, но на крајот заклучиле дека Сара добро функционира и без нив.

“Таа е толку функционална што навистина нема потреба од простетика. Може да направи речиси сè, често многу подобро од мене и мојот сопруг”, додала Кетрин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг