Забележан првиот "марсотрес": Леталото го измерило потресот на Црвената планета

Точка

24/04/2019

12:18

965

Големина на фонт

а а а

Роботското летало на НАСА, "ИнСајт", кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, забележало благ потрес на Црвената планета.

"AP" наведува дека се верува дека е ова е првиот "марсотрес" некогаш забележан. Се наведува дека мониторот на "Инсајт" за потреси снимил и измерил слаб сигнал на 6-ти април, а научниците вчера одлучиле на јавноста да и ја соопштат оваа вест. Иако било забележано "тресење" кое потсетува на благ ветер, научниците веруваат дека звукот допирал од внатрешноста на Марс. 

Францускиот научник Филип Лонјон, кој бил задолжен за овој експеримент, рекол дека е возбудливо што конечно имаме докази дека оваа планета е сеизмички активна.

Се наведува дека научниците и натаму ги анализираат податоците за овој, како и за уште три послаби сеизмички сигнали кои биле забележани.

Францускиот сеизмометар е поставен на површината на Марс минатиот декември, неколку недели по слетувањето на "ИнСајт".




Спонзорирани линкови

Маркетинг