Намалете го високиот крвен притисок на целосно природен начин, со помош на намирници кои ги има на пазарот

Точка

24/04/2019

11:05

2.054

Големина на фонт

а а а

Високиот крвен притисок од сега повеќе нема да ви предизвикува главоболки. Колку и да ви звучи неверојатно, високиот крвен притисок можете да го намалите со помош на само една намирница- јагода. Еве како тоа е возможно.

Високиот крвен притисок е дијагностициран кај секој десетти човек од популацијата.

Се претпоставува дека дупло повеќе луѓе живеат со овој проблем, а сè уште не побарале медицинска помош.


Загрижувачки е тоа што луѓето кои патат од висок крвен притисок припаѓаат на оние со поголем ризик од срцеви и мозочни удари. Сепак постојат начини со кои по природен пат може да се намали крвниот притисок, а се однесуваат на промените во исхраната.

За да имате подобри резултати најважно е да јадете многу овошје и зеленчук. Jагодите се издвојуваат како најефикасен природен лек за намалување на крвниот притисок.

Внесувањето на антицијанинот го намалува ризикот за осум проценти на заболување од хипертензија.


- Антицијанинот и флаваноидите се сметаат за материи кои делуваат превентивно во однос на ова често заболување - велат експертите.

Покрај консумирањето на јагоди, постојат и други промени во однос на исхраната за кои се смета дека е поволно да се направат, за да може да се намали високиот крвен притисок и да се ублажат симптомите на оваа болест.

Избегнувајте огромни количини сол, алкохол и пушење. Одржувајте ја вашата тежина на оптимално ниво, па секако со тоа ќе се чувствувате многу подобро.

И тоа што е најважно, слушајте ги советите на вашите доктори и редовно земајте терапија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг