Тажно: До 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика од риби, годишно умираат над десетина илјади животни

Точка

24/04/2019

10:57

1.782

Големина на фонт

а а а

Според податоците на Обединетите Нации, 30 отсто од рибите се отруени со пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби.

Пластичните ќеси, имено, се произведуваат од полиетилен, нафтен дериват за чие разградување се потребни дури 1000 години, а отровните хемикалии притоа доспеваат во тлото на езерата, реките и морињата. Според проценката на американскиот Завод за заштита на околината, светската потрошувачка на пластични ќеси достигна годишно ниво до 1000 милијарди парчиња. 


Но, дури помалку од еден процент се рециклира поради високите трошоци – поскапо е да се рециклира една пластична ќеса отколку да се произведе нова. Притоа, природата го плаќа најголемиот данок бидејќи останатите 99 отсто ги загадуваат морињата, реките и езерата, ветерот ги разнесува по копното, а канализацијата ги носи во водите.

Постојат безброј документирани случаи во кои животните наместо храна, голтаат пластични ќеси, а потоа умираат во болки поради зачепувањето и неможноста од понатамошно прехранување. Над десетина илјади китови, птици, фоки и желки секоја година умираат поради пластичните ќеси во морето и околу него. Исто така, има многу случаи во кои птиците, рибите, желките и другите животни остануваат заплеткани во нив и умираат во големи маки.


Со распаѓањето на нивните лешеви, пластиката повторно се враќа во природата и циклусот може да се повторува со години. Бројните земји ширум светот веќе ја имаат сфатено оваа опасност, па сè поголем дел од нив ја забрануваат пластиката или воведуваат данок на нејзината употреба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг