Нотр Дам ќе добие минаре?: Бизарни предлози за реконструкција на изгорената катедрала, еве кое е објаснувањето

Точка

24/04/2019

10:50

3.099

Големина на фонт

а а а

Познатите архитекти гледајќи ги остатоците од Нотр Дам, почнаа да сугерираат во кој правец треба да се движи реконструкцијата. Некои сметаат дека катедралата не треба да се обнови верски, туку да се реконструира со „современи“ карактеристики како што се стаклениот кров, челична кула или минаре.

Многу архитекти се против обновата на катедралата во стилот на „Le Korbuzije“ од „Bauhaus“, но брзо реагираа на прашањето на претседателот Емануал Макрон: „Дали Нотр Дам треба да се реконструира каков што беше претходно... или како што е тоа случај со еволуцијата на културното наследство, катедралата да добие уште една кула.“ 

Телеграф, е против реконструкција на катедралата таква каква што беше, а списанието Ролинг Стоун го цитираше историчарот на архитектура од Харвард кој кажал дека на палењето на зградите им се дава  „претерано значење“ и дека тој тоа го чувствува како „чин на ослободување“.


Лорд Норман Фостер, веројатно најпознатиот британски архитект, предложил дизајнот на врвот на древната катедрала да биде со слаклен или челичен кров со безлична стаклена и челична кула, кои се нарекуваат „уметничко дело за светлината“ што би било современо и многу духовно и ќе биде обележје за поголемата самодоверба и духот на времето.

Јан Ричи, современ архитект, најпознат по таканаречената Даблинска кула- метален шилец кој е подигнат во ирската престолнина- размислува за сличен предлог, кој се нарекува „рефлексија“, супер тенок кристал кој го рефлектира небото или „преубав современ траг на стаклените кристали и не'рѓосувачки челик“ безбојно стакло и челична кула.


Можеби најконтроверзниот предлог го дал Домусу во списанието за архитектура, каде што Том Вилкинсон вели дека запалената кула треба да се замени со исламско минаре, во спомен на граѓаните на Алжир кои страдале во протестите против француската колонијална власт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг