Сите љубовни врски во "Пријатели": Џои и Рејчел ја "уништија" серијата?

Точка

24/04/2019

10:34

3.835

Големина на фонт

а а а

Ставете неколку стаорци во кафез без храна и вода и на крајот ќе се обидат да се изедат едни со други. Ако пак во кафезот им ставите доволно храна и вода - на крајот ќе се обидат да водат љубов.

Вака "Guardian" се обидел да ја опише "љубовта" во една од најпопуларните серии од 90-тите години - "Пријатели". 

Наведуваат, истото, се случило и со главните актери на серијата - Чендлер, Моника, Џои, Рејчел, Фиби и Рос.

"Тие се држат во кафезите во своите станови во Њујорк. Имаат доволно вода. Имаат доволно храна. Не мора да се јадат едни со други. Па, тие секогаш се вртат кон следната точка во дневниот ред за преживување", наведува "Guardian".

"Пријатели" е серија која слободно можете да ја гледате со родителите - нема алкохолизирање, дрогирање, диви секс сцени. Меѓутоа, како што понатаму наведува порталот, единствена чудна работа е бројот на партнери кои шестмината ги имале.

Имено, главните ликови на серијата спиеле со 138 партнери во текот на 236 епизоди. Во ова "натпреварување" води Џои.

Би се рекло дека "главен љубовен пар" во серијата биле Рејчел и Рос, но таа во последните сезони се обидела да има нешто повеќе со Џои.

Меѓутоа, тој не успеал да го откопча нејзиниот градник, и се завршило на тоа. Меѓутоа, Guardian пишува дека немало потреба да се спојуваат овие двајца, бидејќи на крајот повторно заедно завршуваат Рос и Рејчел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг