Решила да ја наполни горната усна со филери, а потоа се претворила во чудовиште: "И сестрите се смееја кога ме видоа"

Точка

24/04/2019

09:40

3.253

Големина на фонт

а а а

До ова дошло бидејќи лекарите филерите ги вбризгале во артеријата.

Жената чија усна пораснала за четири пати по неуспешното полнење со филери, вели дека сестрите во болницата и се смееле. 

29-годишната Рејчел Напијар речиси ја изгубила горната усна кога интервенцијата што ја направила по препорака на својата пријателка тргнала на лошо...Поради стари повреди, имала израсток на усните и мислела дека ботоксот ќе ја поправи нејзината најголема несигурност.

"Беше добро. Отидов во кревет. Се разбудив во два часот наутро и го видов ова што го гледате на фотографиите. Моите усни го допираа носот. Притисокот кој го чувствував на усните беше неверојатен", рекла Рејчел во британската телевизиска емисија "This Morning".

Рејчел веднаш отишла во болница и се згрозила кога медицинските сестри почнале да и се смеат.

"Не виделе ништо слично порано. Им кажав дека имам алергиска реакција бидејќи мислев дека се работи за тоа. Тројца лекари ми кажаа дека филерите всушност ми ги вбризгале во артеријата", вели Рејчел.

По 72 часа филерите на Рејчел се разградиле и се се вратило во нормална големина. Сега таа се заложува за построги прописи и информира за други опасности од филерите за усни со порака "Protect before you inject". Британското здружение на естетски хирурзи предупредило на драматичниот раст на нерегулирани постапки, кои ги вршат нестручни лица.

Докторот Тижон Ешо, кој и се приклучил на Рејчел во истражувањето, и кажал дека може да биде среќна што не ја изгубила усната и советува дека постапката треба да се врши само кај лекар, медицинска сестра или забар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг