Позната е казната на Сереј Милинковиќ-Савиќ

Точка

24/04/2019

10:04

1.695

Големина на фонт

а а а

Популарниот СМС минатиот викенд се посрамоти откако намерно шутна еден од противничките играчи и заработи директен црвен картон.

Лацио имаше викенд за заборав – загубија од аутсајдерот Киево на домашен терен, а најдобриот играч на Лацијалите доби директен црвен картон.

Поради начинот на кој го доби црвениот картон, односно намерниот удар на противничкиот фудбалер, Сергеј Милинковиќ-Савиќ доби парична казна од 10 илјади евра од страна на Дисциплинската комисија при Серија А, а Србинот ќе мора да паузира и еден натпревар.

Тоа значи дека тој ќе го пропушти дуелот против Сампдорија, но ќе му биде на располагање на Инзаги за исклучително важниот дуел против Аталанта кој е на распоред седум дена подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг