5 годишно девојче било присилено да се пресоблече поради "непристојниот фустан"

Точка

23/04/2019

21:08

5.153

Големина на фонт

а а а

5 годишната Хармони во градинка ја присилиле да се пресоблече, бидејќи носела "непристојно фустанче". Целиот настан го опиша нејзината мајка Емили Стјуарт од американската држава Минесота, која оваа ситуација ја остави во шок и прилично ја налути.

Имено, девојчето од својата баба добило фустан со карнери и на прерамки, а со оглед на тоа дека во Минесота е многу топло, нејзината мајка ѝ дозволи да го носи фустанот за во градинка. Малку се изненадила кога ја затекнала ќерка си во панталони и маица со кратки ракави. 

"Не ми падна на памет дека возрасна личност можеше да заклучи дека фустанот на моето дете е непристоен. Ѝ рекле дека мора да оди кај медицинската сестра, а таа ѝ рекла дека мора да го покрие своето тело. Јас како мајка, како да го научам своето дете да го сака и прифаќа своето тело, кога луѓето ѝ велат дека тоа е приватно? Што е приватно во рамената на дете од пет години?", напишала таа.

Кога нејзината мајка дошла да ја земе, Хармони ѝ рекла дека ја присилиле да се пресоблече и дека ѝ било многу непријатно.

"Зошто тој фустан е неприкладен? Има пет години, зошто ја сексуализирате? Како да ја научам дека тоа не е толку важно како нејзиното образование и развој кога се случуваат вакви работи?", прашува мајката.

Многумина во коментари се согласиле дека фустанот е сосема во ред за 5 годишно девојче.

"Погледни колку е среќна во фустанот, што е со луѓето?", "Ова е погрешно", "Изгледа преслатко и сосема е прикладно за во градинка. Мислам дека возрасните кои ја присилиле на пресоблекување треба да одат на терапија", беа дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг