На 60 илјади евра зголемено учеството на земјава во Фондот за Западен Балкан

Макфакс

23/04/2019

20:55

1.549

Големина на фонт

а а а

На денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за зголемување на учеството на државите-членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности.

Во оваа насока, Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи, во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан, да ја потврди подготвеноста на државава, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од 60.000 евра годишно, односно 3.690.000 денари во денарска противвредност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг