Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

Макфакс

23/04/2019

20:53

535

Големина на фонт

а а а

На денешната владина седница донесено е решение за формирање комисија за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Како што информираат од владината прес-служба, комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција.

Комисијата треба да подготви јавен повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите, како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата или предлог за поништување на постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг