Мејси Вилијамс отворено проговори за секс сцената во "Игра на тронови": "Беше навистина непријатно"

Точка

23/04/2019

19:45

12.338

Големина на фонт

а а а

Мејси Вилијамс во серијата "Игра на тронови" ја толкува улогата на Арја Старк, а секс сцената во која таа се појавила ги изненади фановите, но тоа било изненадување и за самата Мејси. Таа за Entertainment Weekly зборуваше за тоа, како и за подготовките за снимање на таа сцена.

"Кога продуцентите ми го испратија сценариото за таа сцена, мислев дека станува збор за шега, бидејќи тоа и претходно го правеа. Меѓутоа, кратко ми одговорија дека такви шеги нема да се повторуваат оваа година", рекла глумицата низ смеа. 

 Мејси подоцна го прочитала целото сценарио, а тогаш ѝ станало јасно дека таа навистина ќе мора да ја сними таа сцена.


"Помислив дека морам да одам во теретана. Морам да завршам многу работи", рекла таа.

Продуцентите ѝ ја препуштиле одлуката за тоа колкав дел од телото ќе покажува во серијата. Поголемиот дел од актерската екипа веќе претходно се појавувале голи во серијата, а самата Мејси тоа никогаш досега не го направила. Во екипата влезе кога имаше само 11 години, а денес има 22 години и може да се каже дека порасна пред фановите.


"Ми рекоа дека можам да покажам колку што сакам. Мислев дека најдобро е некои делови да останат сокриени. Сметам дека тоа е поважно и за самата Арја, таа едноставно не е таква", рекла таа додавајќи дека на сетот постеше одреден степен на трема кога прошетала полугола.

Џо Демпси, глумецот кој се појавува гол во сцената со Мејси, рекол дека му било необично да снима ваква сцена со десет години помладата колешка која ја познава од 11 години. Тие двајца навеле дека продуцентите ги брзале и дека после некое време не им било сосема непријатно да снимаат таква сцена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг