Пејачката на Коачела била гаѓана со лимони: Ја удриле право во градите, а ова е причината!

Точка

23/04/2019

19:33

4.684

Големина на фонт

а а а

Ариана Гранде (25) официјално стана најмладиот изведувач на популарниот фестивал Коачела.

Бијонсе е една од трите жени кои ја имаа оваа привилегија, но не им се допаднало баш на сите тоа што младата пејачка доживеала ваков успех.

Имено, една девојка од публиката ја гаѓала пејачката со лимони и ја погодила право во градите.

На револтираната обожавателка на Бијонсе, очигледно ѝ засметало тоа што Ариана е двојно повеќе платена од нејзиниот идол, односно тоа што од организаторите добила осум милиони долари за концертот, додека минатогодишниот хонорар за сопственичката на хитот „Crazy in love“, излесувал само четири милиони.


Последниот албум на Бијонсе го носи насловот „Limunada“, па оттаму потекнува и инспирацијата за целата оваа драма. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг