Џиџи го прослави роденденот во опуштено издание, нејзината мајка и сестра ја засенија

Точка

23/04/2019

17:50

5.211

Големина на фонт

а а а

Славната манекенка Џиџи Хадид во понеделникот го прослави својот 24 роденден во ресторан во Њујорк. Дрес кодот за забавата беше тексас модни комбинации, па славеничката се појави во прилично опуштено издание со тексас јакна, широки фармерки и бело топче, поради што верувале или не, нејзината мајка и сестра ја засениле.

Бела и Јоланда Хадид на забавата се појавиле во најпредизвикувачките тексас парчиња облека кои постојат, а иако помеѓу нив има голема разлика во годините, тешко е да се одлучи која изгледаше подобро. 


22 годишната Бела носела тексас корсет кој го нагласи нејзиното бујно деколте, додека остатокот од стајлингот бил многу поопуштен, поточно носеше фармерки со рамен крој, предимензионирана тексас кошула и чизми.


55 годишната Јоланда исто така го стави своето деколте во преден план, носела тексас белјзер и  изгледот го надополнила со траперки кои ги нагласиле нејзините витки манекенкски нозе.

Но, сестрата и мајката не биле единствените кои носеле предизвикувачки тексас парчиња облека. Што значи, Џиџи била една од ретките која се појавила во опуштено издание, а дамите кои особено се истакнале биле Ешли Греам и Оливиа Кулпо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг