Солскјер ги предупреди своите играчи за „валканите трикови“ на Гвардиола и неговиот Сити

Дерби

23/04/2019

19:45

2.226

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер јасно им порача на своите фудбалери дека ќе направи „чистка“ ова лето, но во меѓувреме, побара од нив да го дадат максимумот до крајот на сезоната во обидот да стигнат до топ четири пласман во Премиер лигата.

Четата на Солскјер утре ќе го одигра големото дерби против Манчестер Сити, натпревар кој според многумина може да биде одлучувачки за шампионската трка во Премиер лигата. Двата градски ривали со големи амбиции ќе влезат на утрешниот меч на „Олд Трафорд“, а Оле ги предупреди своите фудбалери и за валканите трикови кои ги практикува тимот на Гвардиола.

– Мора добро да бидеме подготвени за нивниот пресинг. Имаат квалитет со топката во нозе и мора добро да се браниме, а кога ќе ја добиеме топката, треба да бидеме подготвени за нивната агресивност. Сите зборуваат за нивната убавина во играта, но имаат и валкани трикови. Те удираат во зглобовите и нозете и не штедат никого. Нема да ни дозволуваат лесно да излеземе во контра, не се сомневам дека ќе има многу прекршоци, – посочи Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг