Мидо откри како минал неговиот бизарен ручек со Кин: Веднаш знаев дека ќе се истепаме

Дерби

23/04/2019

18:17

2.345

Големина на фонт

а а а

Ахмед Хосам Мидо своевремено важеше за еден од напаѓачите кои беа поатрактивни за фудбалските клубови во Премиер лигата, а доказ за тоа е и фактот што настапуваше за четири тимови кои се натпреваруваат во англиската елита.

Египетскиот напаѓач беше посебно добар во Тотенхем, од каде подоцна направи трансфер во Мидлзброу летото во 2007-ма година. Пред да го изрежира овој премин, Мидо открива дека имал едно невообичаено соочување со менаџерот на Сандерленд, односно со легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин. Темпераментниот Ирец во Сандерленд ја стартуваше својата менаџерска кариера и во 2007-ма година сакал да го доведе Мидо, но се тргнало наопаку кога двајцата се состанале во пица ресторан.

– Никогаш не работев со Рој Кин, но бев со него на ручек. Сакаше да ме убеди да потпишам со Сандерленд пред да направам трансфер во Мидлзброу. Мојот агент Раиола ми закажа ручек по негово инсистирање. Тој ме зема со неговиот Рејнџ Ровер од аеродромот, ме одведе во Сандерленд и бевме на ручек во „Пица експрес“. Бев изненаден, тој зборуваше толку малку со мене. Во нормални услови, кога сакате да купите некој, се обидувате да му кажете нешто, да го откриете проектот на клубот. Но, тој беше премногу тивок и најмногу молчеше. Тој зборуваше со мене и гледаше во таванот, знаев дека ако почнеме да работиме заедно, ќе завршиме со тепачка. Тоа никогаш немаше да функционира, – објаснува Мидо за „Ток Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг