Кој има најдобра камера? Huawei и Samsung заедно на врвот

Точка

23/04/2019

18:30

2.738

Големина на фонт

а а а

Според DxO Mark, Samsung направи драстичен исчекор кога станува збор за камерата и софтверот за камерата кај моделот Galaxy S10 5G.

Овој телефон е речиси идентичен како и Galaxy S10+ моделот и изненади на тестовите на DxO Mark со тоа што застана рамо до рамо со Huawei P30 Pro кога станува збор за квалитетот на камерата.

Компанијата од Јужна Кореја успеа да го подобри софтверот, по што на големо изненадување на сите, квалитетот на камерата е рангиран исто како и досега „кралот“ меѓу паметните телефони, моделот P30 Pro на Huawei.

DxO Mark го пофали Galaxy S10 5G за одличниот баланс на белите бои и добрата репродукција на бои, добрата експозиција и динамичен опсег, брзиот и прецизен автофокус, пријатниот боук ефект со добро издвоени рабови, добрата контрола на шумот и добрите фотографии при користење на блицот.


Сепак, Samsung ќе мора да поработи на често видливите „неприродно здружени пиксели“, видливото губење на детали при зумирање, боук ефектот кој понекогаш не го издвојува субјектот целосно точно, а потребни биле и повеќе фини детали, посебно во деловите на фотографијата со понизок контраст.

Samsung Galaxy S10 5G освои 117 бодови во фото и 100 бодови во видео модот, а доби и најдобра оценка на селфи тестот од 97 бодови, со што го прави најдобриот телефон за селфи фотографии на светот. Вкупно, Samsung Galaxy S10 5G освои 112 бодови, исто како и Huawei P30 Pro.



Спонзорирани линкови

Маркетинг