Rockstar работи на новата GTA 6?

Точка

23/04/2019

17:16

1.882

Големина на фонт

а а а

Гејмерската заедница со нетрпение очекува Rockstar конечно и официјално да објави дека се подготвува најновото издание на популарниот Grand Theft Auto серијал, односно GTA 6.

Досега се појавуваа многу информации во врска со најновото продолжение на една од најпопуларните видео игри на сите времиња.

Наводно GTA 6 ќе се одвива на две локации и ќе има женски протагонист, а сега вработен во студиото Rockstar по грешка на својот проофил открил дека работи на GTA 6.

Уметник кој бил вработен во Rockstar India на својот профил на ArtStation ставил во своето портфолио дека меѓу проектите на кои работел се наоѓаат GTA 5 и GTA 6, како и тоа дека работел на креирањето на возилата во видео игрите.


За жал, официјална потврда од Rockstar засега нема, а најверојатно вработениот по грешка открил дека работи на најновото продолжение на популарната видео игра. Како и да е, тоа на некој начин ги потврдува гласините дека на играта се работи, иако тешко дека ќе ја играме во скоро време.

Моментално од Rockstar се сконцентрирани на Red Dead Redemption 2 играта, како и на GTA Online кои што уживаат голема популарност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг