Велигденските празници се ближат, Фантазија ви предлага забавни активности со вашите најмали

Точка

23/04/2019

16:08

2.000

Големина на фонт

а а а

Велигденските празнувања се на чекор од нас, како секоја пролет досега, така и оваа ќе ни донесе слободно време кое можеме да го посветиме на семејството и на многуте традиционални обичаи на кои најмногу се радуваат дечињата.

Затоа ви предлагаме убаво да ги осмислите слободните активности со нив и со малку фантазија и многу љубов вработете ги вредните рачиња и од кујната направете вистинска работилница од која не само што ќе произлезат неверојатни дела туку ќе поминете квалитетно и незаборавно дружење со вашите најмили. 

Покрај празничното фарбање на велигденските јајца, работилницата можете да ја засладите со декорирање на нешто многу вкусно. Готовата мешавина за подготовка на мафини од Fantasia е толку едноставна што и самите дечиња ќе се снајдат и ќе можат да ги припремат за печење. Инаку Fantasia е линија на полуготови мешавини за подготовка на десерти, произведена од македонската компанија за кондиторски производи Макпрогрес и овозможува брза и лесна подготовка на мафини, колачи, палачинки, вафли и крекери, како и широка палета на додатоци за декорирање на десерти како и додатоци за печење.

Но, најинтересниот дел доаѓа со декорирањето на тема Велигден. Ви предлагаме фантазијата да им ја препуштите исклучиво ним по цена на малку повеќе извалкани кујнски елементи и чинии. А за овој дел од работата Фантазија има подготвено посебна линија на производи наменети токму за декорирање составено од фондан во три бои (сина, бела и розева), какао капки, шарени мрвици и лушпи за декорација.

За да ве поттикнеме вас но и малите прстиња, во продолжение ви предлагаме неколку интересни тематски декорации:





Спонзорирани линкови

Маркетинг