Телевизијата "Sky News" објавила снимка на која се гледа потенцијалниот извршител на еден од терористичките напади на Шри Ланка.
На снимката која настанала неколку секунди пред нападот се гледа како темнокос маж со голем ранец оди кон црква.
Снимката се прекинува во моментот кога тој влегува во црквата.
CCTV footage has emerged of a suspected suicide bomber entering St Sebastian's Church in Sri Lanka moments before an explosion.
— Sky News (@SkyNews) April 23, 2019
More on this footage here: https://t.co/1bAcNa0LbH pic.twitter.com/aZgzgooqxI
Потсетуваме, во терористичките напади во таа земја загинале 310 лица, а околу 500 од нив се повредени. Настрадале во осум експлозии на Велигден според Грегоријанскиот календар - во три цркви и три луксузни хотели во престолнината, но и во една помала црква во предградието. Вчера се појавила и вест за девета експлозија, настаната при обид на специјалците да деактивираат бомба.
Денес во светот се појавила информација дека терористичкиот напад е чин на одмазда за нападот кој се случил на Нов Зеланд, кога на 15-ти март во градот Крајстчерч во две џамии биле убиени 50 луѓе.