Скарлет Јохансон се појавила на премиерата на новиот филм “Avengers:Endgame” во Лос Анџелес, а нема сомнеж дека токму таа била највпечатлива на црвениот тепих.
Холивудската убавица за која велат дека е сопственичка на “златните пропорции”, прошетала во светкав фустан со гол грб од кој се надѕирал огромната тетоважа со рози.
Иако долго време носеше кратка фризура, сега се појавила во малку подолг боб кој според мислењето на многумина одлично ѝ прилега.
Особено примамлив детаљ за мажите бил високиот изрез кој ги откривал нејзините затегнати нозе.