Антониа Гиговска имавме прилика да ја видиме и слушнеме на многу музички натпревари, а таа е и победничката на Мекфест 2018-та година.
Гиговска со својот фантастичен и моќен вокал веднаш го привлече вниманието и успеа да надмине многу од музичките имиња, на домашната сцена, но и пошироко.
Оваа млада пејачка храбро зачекори во светот на музиката, па така со издавачката куќа „Magic Records“ нѝ го претставува новиот сингл, насловен „Могли смо у двоје“. Позади текстот се потпишува нашиот текстописец и продуцент, Дарко Димитров, а за музиката е заслужен Владимир Даниловиќ.
За синглот снимила и спот, кој премиерно можете да го погледнете на нашиот портал.