Се запали уште една Тесла, камерите ја снимиле целата сцена

Точка

23/04/2019

16:03

7.031

Големина на фонт

а а а

Една надзорна камера снимила автомобил на Тесла, паркиран во гаража, кој без никакви надворешни влијанија почнал да чади, а неколку секунди подоцна избил и пожар.

Видеото од надзорните камери на јавната гаража во Шангај јасно покажува дека немало надворешни влијанија во пожарот на скапоцената Тесла, па сега веќе може да се зборува за уште еден случај на самозапалување. Од компанијата испратиле свој тим експерти на увид, но сè уште не се расположени за било какви изјави освен дека “го истражуваат случајот и дека никој не е повреден”. 

##https://twitter.com/ShanghaiJayin/status/1119997229530406913##

“Откако слушнавме за инцидентот во Шангај, веднаш испративме тим на местото на настанот. Активно соработуваме со релевантните оддели на разјаснување на целата ситуација”, објавиле од Тесла на кинеската социјална мрежа “Weibo”.

Видео снимката за кратко време станала многу популарна, а ја објавиле бројни кинески медиуми. Ова не е прв пат некоја паркирана Тесла да се запали “сама од себе”. Од автомобилската компанија велат дека “батериите се конструирани така што, во ретки случаи кога ќе се појави пожар, пожарот се шири бавно за патниците да имаат доволно време да го напуштат возилото”, пишува “Vice”. Во секој случај, од 2013 година се забележани бројни случаи на опожарени автомобили, а повеќето се случиле по прометни несреќи.

##https://twitter.com/ShanghaiJayin/status/1120465820268806145##

Во Кина, со растот на популарноста на електрични возила и зголемување на нивниот удел во метежот, сè почести се случаите на пожар, а притоа не се исклучени ниту хибридите и на сите заедничко им е тоа што имаат батерии од сличен или ист тип. Во текот на 2018 година се забележани околу 40 случаи на пожар на кинеските пазари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг